Нашиот најважен приоритет е да го задоволиме клиентот
преку рана и континуирана испорака
на вреден софтвер.
Прифаќаме промени на проектните барања, дури и во доцни фази
од развојот. Агилните процеси ја искористуваат промената
за компетитивна предност на клиентот.
Честа испорака на употреблив софтвер, од неколку
недели до неколку месеци, што
пократко тоа подобро.
Пословните луѓе и развојните програмери мора да работат
заедно секојдневно за време на целиот проект.
Развиваме проекти со мотивирани поединци.
Им ја обезбедуваме околината и помошта која им треба,
и им веруваме дека ќе ја завршат работата.
Најефикасниот и најефективниот метод за
пренесување на информации до и во развојниот
тим е разговор лице во лице.
Софтверот кој функционира е примарна мерка на напредок.
Агилните процеси промовираат одржлив развој.
Спонзорите, развојните програмери и корисниците би требало да се способни
да го одржат константното темпо на развој на неограничено време.
Постојаното внимание на техничкото совршенство
и добриот дизајн ја засилуваат агилноста.
Едноставноста--уметноста на максимизирање на
ненаправена работа--е пресудна.
Најдобрите архитектури, проектни барања и дизајни
произлегуваат од само-организирачки тимови.
На редовни интервали, тимот разгледува како
да стане поефективен, и според тоа го менува и прилагодува
своето однесување.